Македонија
1. August 2020 - 16:28

3-годишнина од договорот со Бугарија - нова средба на Комисиите можна во септември

Пред точно три години Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за добрососедство. Во македонската Влада, Заев и Борисов ставија потпис на документот кој отвори перспективи за зајакнување на соработката помеѓу двете земји и решавање на отворени прашања, договор кој меѓународната заедница го оцени како историски.

Три години подоцна тогашниот премиер Заев преку социјаните мрежи порачува дека е горд на договорот кој ја придвижува Македонија напред и обезбедува европска иднина.

 Перспективите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа со Грција, ни ги донесоа членството во НАТО, отворениот процес за преговори за членство во ЕУ, но и ко-претседавањето на Берлинскиот процес годинава со што за првпат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан. Овој успех стана инспирација и модел за соработка за регионот и пошироко, а македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија ги потврдија своите најблиски сојузници на европскиот и прогресивниот пат кон подобра иднина, пишува Заев на facebook.

Но покрај зајакната соработка овој договор на виделина ги извади  и повеќедецениските спрони истриски прашања помеѓу Македонија и Бугарија и тоа токму преку работата на мешовитата комисија која се формираше како резултат на договорот.

Илинденското востание и Гоце Делчев се прашањата за кои досега членовите на комисијата не успеаа да изнајдат заеднички јазик. Работата на комисија е во мирување од ноевмри минатата година кога се одржа последната средба. Најави за нови разговори нема иако тоа се очекуваше по завршување на изборниот процес во Македонија. Членови од комисијата потврдуваат дека во меѓувреме е одржан еден виртуелен состанок, а нова средба очекуваат во текот на септември ако тоа го дозволи здравствената состојба во двете земји.

Комисијата досега успеа да постигне напредок во однос на античкиот период и средникот век. Во февруари минатата година по само 4 средби комисијата препорача Македонија и Бугарија заеднички да ги одбележуваат Цар Самиол, Свети Климент и Свети Наум.