Македонија
6. January 2021 - 10:45

28-годишен битолчанец тешко повреден откако со возилото излетал од патот

Вчера во 20.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пресил-с.Бучин, крушевско,  патничко возило „фиат пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од Битола, излетало од патот, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крушево.