Македонија
7. May 2019 - 16:27

27 граѓани, присутни на мисата побарале лекарска помош

Поради возбуда, проблеми со крвниот притисок, истоштеност.

27 граѓани кои ја следеа мисата на плоштадот побарале лекарска помош. 

Сите интервенции се извршени на лице место и немало потреба за транспорт во болница.

Настанот во центарот на Скопје го обезбедуваа 5 екипи на Брзата помош засилени со анестезиолог и 80 волонтери и лекари од Црвениот Крст.

- Имаме интервенции, паѓа притисокот, луѓето не јадени, изјави за Сител Александра Ристовски, Црвен крст на Град Скопје.

Покрај 5 –те тимови од неколку градови кои беа стационирани околу плоштадот, движењето на папата низ градот го следеа и 2 екипи на Скопската Брзата Помош.

Дополнително на располагање на скопјани им беа и 6 возила со потребниот кадар и опрема. Иако движењето низ центарот и за нив беше отежнато за среќа немале сериозни интервенции.

-  Имаше мало отежнување на движењето, но екипите успеваа да стигнат на локациите, изјави д-р Изабела Слезенковска, раководител на смена во Брза Помош Скопје.

Ангажманот на тимовите задолжени за папата завршува со неговото качување во авионот.