27-годишник од Теарце заведувал малолетничка од Косово со намера да ја обљуби
СВР Тетово соопшти дека вчера во тетовско Теарце е приведен 27-годишник поради сомнение за извршено дело „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“. Тој тоа го направил врз малолетничка од Косово преку социјалните мрежи.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 август) околу 17 часот, во тетовско Теарце, го лишиле од слобода 27-годишниот М.А. од ова село, поради сомнение дека извршил „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“. Станува збор за малолетничка од соседно Косово, а делото, според пријавеното, било извршено преку социјални мрежи, информираат од СВР Тетово.
Полицијата работи на расчистување и документирање случајот, по што против М.А. ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите