269 санкционирани возачи во Скопје, 32 без возачка, 17 под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина на движење, 14 за користење на мобилен телефон. Изречени се 17 санкции за возење под дејство на алкохол, 21 за некористење на сигурносен појас, шест за непрописно престројување на возила и 64 санкции за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО