26 годишна девојка од Арачиново бегајќи од полиција удрила полициски службеник
На 14.02.2024 на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од Единицата за недозвoлена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје.
Имено, по преземени мерки и активности и обезбедени докази, било дојдено до сознание дека лицето врши продажба на дрога, а вчера, при преглед во возилото кое го управувал, бил пронајден и одземен хероин.
Во врска со настанот, а со цел обезбедување дополнителни докази, врз основа на судска наредба бил извршени претреси на три локации во Скопје.
При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода.
По целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави по чл. 215 и 383 од КЗ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати 13, два се уште активни и еден под контрола
-
Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата
-
УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност
-
Пронајдено е 8-годишното дете од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
-
ОЈО Гостивар отвори против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше
-
123 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење
-
Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот
-
Отворени Олимписките игри во Париз