Македонија
25. November 2021 - 11:18

26-годишен Албанец уапсен на граничниот премин Блато, по него трагал германскиот Интерпол

Вчера во 17.30 часот на граничниот премин Блато од слобода бил лишен Г.А.(26) од  Република Албанија, затоа што при извршена проверка било  констатирано дека во службената евиденција за него има мерка „апси“  по барање на Интерпол Германија, соопштија од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.