Македонија
29. August 2016 - 16:42

25 возила во вредност од 740.000 евра донација од Чешка за граничната полиција

Граничната Полиција со 25 нови “Шкода Јети“ автомобили го засилува својот возен парк за контрола на јужната граница. Автомобилите се донација од Чешката Република во вредност од 740,000 евра.

Ловот на криумчарите е во фокусот на полицијата во пресрет на евентуалниот нов бран мигранти..

Во знак на благодарност, Министерот Чавков му додели плакета на претставникот на чешката амбасада.

Во меѓу време во Македонија пристигна четвратата група на словачки полицајци. 25 припадници на полицијата на Словачка во наредните 30 дена ќе патролираат заедно со нивните македонски колеги на јужната граница на земјава.