Интернет
23. August 2016 - 16:29

25. роденден на интернетот: Светот комплетно променет и зависен од глобалната мрежа

На денесшен ден пред точно 25 години станавме корисници на итернетот.На тоа може да се гледа како на една позитивна заразна епидемија која го зафати светот. Пред точно 25 години, информатичарот Тим Бернерс –Ли работел во лабораторија во Европскиот совет за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Женева каде ја добил идејата за креирање на мрежа за полесна достапност до информациите.

Крајот на 1990 година почнал да се развива и самиот проект веб (www). Започнува со развој на првата програма за пристап на интернет со едноставно име веб кој работел со текстуално пребарување.Кон крајот на 1993 година Марк Андерсен од  Националниот Центар за Компјутерски апликации (NCSA) напишал и друг таков пребарувач, наречен Мозаик (Mosaic). Марк во 1994 година ја основа фирма Нетскејп Комуникејшн  и поркрај Тим Бернерс се смета  за најзначаен човек за развојот на веб.

Во 1995 година излегува и Windows 95 од фирмата (Microsoft) која тоа време не беше свесна за важноста на интернетот па поради тоа, како додаток ја исфрла слабата верзија на Internet Explorer прелистувач.

Денес  интернетот е јавно достапен систем кој ни овозможува да го видме целиот свет од блиску и не само тоа, тој ни овозможува подобра комуникација и достапност до секакви информации.

Благодарение на таа мрежа денес имаме електронска пошта, комуникација,осознавање на светот, лесно пристапни информации и други услуги.