243 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија