Македонија
3. July 2022 - 14:02

24-годишно момче од Кичево загина во тешка сообраќајка

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило  „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот, информираше МВР.

Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал  сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.