Македонија
14. July 2020 - 13:14

2.318 заразени од Ковид-19 во земјава се без симптоми

Епидемиолошки истражени случаи покажале дека кај 2.318 или 28,8% од дијагностицираните лица во Македонија не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од нив, 1.455 или 62,8% имале контакт со веќе потврден случај во државата, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Според последните информации и од министерството за здравството, многу од новозаразените од Ковид 19 се пациенти без симптоми и со полесна клиничка слика.