Македонија
21. April 2018 - 16:08

2,3 промили алкохол во крвта имал синоќа најалкохолизираниот возач во Скопје - над 200 пијани возачи регистрираше МВР

Многу пијани скопјани возеле синоќа низ град. Најпијан возач бил млад скопјанец кој возел со 2.30 промили алкохол во крвта. Полицијата изрече 248 казни при извршен алко тест во  вчерашната рација. Уште толку возачи се казнети за брзо возење, минување на црвено, непрописно претекнување. Во главниот град полицијата направи повеќе од 1200 сообраќајни контроли.

-  726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над  дозволеното. Констатирани се и други 252 прекршоци. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата, изјавил Тони Ангеловски потпарол на МВР

Полицијата ќе продолжи со интезивните сообраќајни патроли со цел подобрувањ на безбедносната слика особено во главниот град. Беснеењето на мотоциклистите, трките и пијаните возачи се главна мета на полицајците. Вчера пијан скопјанец ноќта ја заврши во Психијатриската болница бардовци поради нарушување на јавниот ред и мир и навреди кон полицаец. Билтенот на МВР за изминатото деноноќие е преполн со кривични пријави за кражби, тепачки, пукање. Во Тетово се пронајдени 16 девојки од кои 13 државјанки на  Албанија во угостителски објект, при претес кај лице во истиот град полицијата пронашла оружје  и муниција. 40 годишен полицаец од главниот град заработи кривична за  производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Полицијата работи на расчистување на уште два случаи. Пронајдена е мртва жена кај поликлиниката во Аеродром а во истата населба почина и возрасен охриѓанец при пад од балконот на зградата каде бил на гости.