Македонија
24. November 2023 - 12:12

23 годишен тетовец се обидел да ја силува малолетната сестра на сопругата

Синоќа околу 22 часот, полицијата го приведе 23-годишниот тетовец С.Д., кој претходно бил пријавен од неговата 19-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека минатиот месец се обидел да изврши полов напад врз нејзината малолетна сестра.

С.Д. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени законски предвидените поднесоци.