Македонија
10. September 2015 - 9:04

21 лице повредено во Скопје - Сообраќајната полиција на увид

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на 17 сообраќајни незгоди од кои во 14 полесно се повредени осум возачи на патничко моторно возило, осум сопатници, еден пешак, двајца велосипедисти и двајца возачи на мопед, а три поминале само со материјална штета.
 
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, пет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
 
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 59 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
 
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.