Свет
2. February 2022 - 11:25

208.498 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа во Германија

Со 208.498 новозаразени лица во последните 24 часа Германија денеска ја надмина бројката од 10 милиони вкупни инфекции од почетокот на пандемијата.

Како споредба, на 2 јануари беа регистрирани 12.515 нови случаи.

Со новите бројки поставен е рекорд и во седумдневна инциденца од 1227,5 случаи на 100.000 жители, во време кога многу заразниот сој омикрон се шири низ земјата.

Бројот на умрени во последното деноноќие се зголеми за 196 и сега има вкупно 118.170.

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах,  изјави дека очекува бранот од сојот омикрон својот пик да го достигне кон  средината на февруари.

Тој ја спомена и можноста за олеснување на мерките кон крајот на февруари или почетокот на март, доколку ситуацијата остане под контрола.