Македонија
30. April 2021 - 17:04

200.000 кинески вакцини пристигнаа во Македoнија - Кој ќе има предност за вакцинација?

Пристигнаа 200 000 дози од кинеската вакцина Синофарм во земјава. Од поликлиниката Јане Сандански, во понеделник ќе бидат транспортирани во 6 други градови,а  во вторник ќе стартува масовната имунизација,рече министерот за здравство. Предвидено е дневно да се вакцинираат од 10 000 до 15 000 граѓани.

По примерот на Куманово, Тетово, Штип, Кавадарци, Охрид и Битола,  до крајот на мај вакцинални пунктови ќе добијат и Велес и  Прилеп, додаде Филпче. Би се вакцинирал со Синофарм, но не откри кога.

За кинескиот амбасадор  овој чекор е само уште еден показател на солидарност меѓу двете земји во борбата со пандемијата.

До крајот на мај во земјава треба да пристигнат 500 000 дози од кинеската Синовак. Дополнитлени 100 000 дози донација од кинеската Синофарм. Предвидени се и 26 000 дози од Фајзер. Засега не се знае кого и во колкава количина треба да пристигне Спутник. Неизвесно е и пристигнувањето на Астра Зенека, со оглед на тоа дека Индија го забрани извозот на оваа вакцина, поради критичната ситуација со вирусот во земјата.