Македонија
16. March 2021 - 10:23

20 прекршувања на забраната за движење

Од Министерството за внтрешни работи информираат дека изминатиот полициски час не го почитувале 20 лица.

- Од 22 часот (15.03.2021) до 05 часот (16.03.2021) констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (15/16.03.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.