19-годишно момче и сопатник тешко повредени во сообраќајка кај Тработивиште
Деветнаесетгодишно момче заврши во болница по излетување на патничкото моторно возило „опел корса“ со кое управувал. Несреќата ја потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека освен возачот, настрадал и сопатник во возилото.
– На 30.05.2021 во 22:28 часoт на регионалниот пат Берово – Делчево, во село Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од село Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип, информираа од полицијата.
По извршениот увид на местото на настанот повеќе детали за причината на несреќата од Полициско одделение Делчево најавија во текот на утрешниот ден.
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа