Македонија
13. July 2020 - 16:48

19 години затвор за Ангела за убиството на Пино

19 години казна затвор доби 23 годишната Ангела Ѓорѓиевска која одговараше за убиството на Пино. Судот ја прогласи за виновна бидејќи била соучесник во злосторството кое според обвинението го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

„Осомничениот Фуркан Али со пушката го застрелал во главата Пинета Секондо, а обвинетата Ангела Ѓорѓиевска дала особен придонес кон извршување на делото на начин што овозможила да се сретнат, го повикала Пино, била присутна во моментот на неговото лишување од живот а потоа превзела дејствија на фаќање на нозете на оштетениот со намера да го внесе во гепекот од возилото заедно со осомничениот Фуркан Али“, се наведува во пресудата.

Али е недостапен за судот но според обвинителството не можело да му се суди во отсуство.

„Не може да му се суди во отсуство затоа што неопходно е да биде тука да ја даде својата одбрана, да ги обезбедиме гаранциите, делото е тешко и се разбира сериозноста е наша“ , изјави Лидија Раичевиќ.

Одбраната смета дека обвинителството немало докази за вината на Ѓорѓиевска. Потврда за тоа очекува од повисокиот суд.

„Нема ниту еден аргумент и ова е срамна пресуда за судството, а се надевам дека Апелациониот суд ќе има моќ да надвор од медиумскиот притисок да одлучува по доказите“, изјави Еленко Миланов.

Пинета Секондо – Пино за исчезнат беше пријавен во декември 2018-та, а неговото безживотно тело беше пронајдено во април лани.

По објавуање на пресудата, преку фејсбук од Италија се огласи и мајката на Пино која напиша дека бара доживотен затвор.