-->
-->
178 санкционирани возачи во Скопје: 39 за брзо возење, 11 за поминување на црвено
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 39 за управување со брзина поголема од дозволената, 3 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 11 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 2 за некористење на сигурносен појас,2 мерки што ги чинат пешаците и 68 санкции за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници