161 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за технички неисправни возила.
Изречени се осум мерки за возач почетник, 13 санкции за зборување на мобилен телефон, четири мерки за некористење на сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите