Македонија
9. September 2020 - 13:32

16-годишна кавадарчанка позитивна на Ковид-19

Шеснаесетгодишна кавадарчанка е позитивна на Ковид-19. Ова е најновиот регистриран случај на коронавирус во Центарот за јавно здравје во Кавадарци, во изминатите 24 часа.

Како што изјави доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, девојката не знаела како се заразила со вирусот. Била со лесна клиничка слика и е на домашно лекување. Се работи на утврдување на лицата со кои контактирала, со цел нивна изолација.