-->
-->
148 заболени и над илјада тестови за Ковид-19 во изминатите 24 часа во Косово
-->
Нови 148 заболени, 56 излекувани и ниеден починат од Ковид-19 се регистрирани во Косово во последните 24 часа. Од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 16.754 носители на вирусот, од кои 14.617 се излекувани, додека 652 починале. Бројката на активни случаи моментно изнесува 1.485.
Според ИКШПК, минатото деноноќие се тестирани 1.028 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот, со што за прв пат е забележана четирицифрена бројка на извршени тестови.
Косовскиот министер за здравство Арменд Земај вчера најави дека во наредниот период секојдневно по илјада и повеќе лица ќе бидат тестирани со методот РТ-ПЦР. Вкупно досега, од почетокот на пандемијата, се извршени 79.189 тестирања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости