Бизнис
15. October 2019 - 16:48

14.500 денари ќе изнесува минималната плата од декември

Од декмври минимална плата од 14. 500 денари.  Владата заедно со  синдикатите и бизнис заедницата  постигнаа договор  сумата  да се зголеми за 2.000 денари. Според Заев бенефит од  покачувањето  ќе имаат околу 90 илјади работници во земјава.

Од бизнис секторот  иако се задоволен од сумата велат дека  текстилните фабрики, најтешко ќе го поднесат товарот. Дел од нив оние помалите моежд а ги  затворат и погоните.

Според Анѓушев пак растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјава. На компаниите  кои ќе имата потешкотии со зголемувањето , државата ќе им помогне со субвенционирање на придонесите.

Синдикатот  иако инсистираше минималната плата да биде 60 отсто од просечната велат дека се задоволни од сумата, но и во идина ќе се залагаат таа да биде повисока.