Македонија
13. February 2020 - 13:30

14 годишно девојче почина од компликации од грип

На Клиниката за детски болести вчера починало 14 годишно девојче од компликации од грип, информираа од Институтот за јавно здравје.

Тинејџерката од Скопје имала претходни хронични заболувања, а вирусот дополнително и ја влошил состојбата.

Ова е прв смртен случај годинава поврзан со грипот.

Александар Динев