14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
Во битолското село Крстоар, вчера ненадејно почина малолетник, чија смрт ја вознемири битолската јавност.
Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство, соопшти битолската полиција.
Неофицијално момчето кое било осмо одделение, било на роденден кај другар.
Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја. Веднаш била повика итна медицинска помош.
По смртта на малолетникот, бил извршен увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ново на Сител
-
Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот
-
Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот
-
Приведени три лица од Куманово, при претрес на дом пронајдена е дрога
-
Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши
-
МЗ ќе набави 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во државата
-
Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани
-
Во текот на вчерашниот ден санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем
-
Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството