-->
-->
138 санкционирани возачи во Скопје, 56 за брзо возење
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец