137 санкционирани возачи во Скопје, 23 без возачка
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје