Македонија
1. May 2021 - 9:56

133 сообраќајни прекршоци во Скопје, од кои 50 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за користење на мобилен телефон, девет за прекршоци што ги чинат пешаците и 17 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.