13 лица меѓу кои и 6-годишно дете повредени во сообраќајка на Валандовско брдо
Тринаесет лица се повредени во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил вчера попладнето во 16:20 часот на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовско брдо.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека имало повеќе повредени лица кои се пренесени на лекување во болницата во Струмица. За денеска најавени повеќе детали за сообраќајката.
Според информациите од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, едно дете на шестгодишна возраст и една жена се со потешки повреди и се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите се со полесни повреди и се на лекување во Струмица.
Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило, а екипа на полицијата извршила увид.
Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин повеќе од еден час.
Ново на Сител
-
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани
-
Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани
-
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово
-
Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите
-
МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници
-
Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна
-
По речиси 22-часовна седница пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025
-
Макрон најави нов самит за Украина следната недела