13 лица меѓу кои и 6-годишно дете повредени во сообраќајка на Валандовско брдо
Тринаесет лица се повредени во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил вчера попладнето во 16:20 часот на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовско брдо.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека имало повеќе повредени лица кои се пренесени на лекување во болницата во Струмица. За денеска најавени повеќе детали за сообраќајката.
Според информациите од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, едно дете на шестгодишна возраст и една жена се со потешки повреди и се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите се со полесни повреди и се на лекување во Струмица.
Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило, а екипа на полицијата извршила увид.
Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин повеќе од еден час.
Ново на Сител
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето