118 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 118 возачи, од кои 59 на територија на Скопје.
При акциската контрола санкционирани се и 137 друг вид на сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 17 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.
Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.
Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.
Ново на Сител
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката