-->
-->
11-та победа во низа на Хјустон
-->
Предводени од Крис Пол, кој забележа 31 поен 7 скокови и 11 асистенции, кошаркарите на Хјустон ја остварита 11-тата победа во низа, откако на домашен паркет го совладаа Шарлот со 108-96.
Џејмс Харден придодаде 21 поен и 8 асистенции во овој триумф на „Рекетите„ кои со скор од 22 победи и само 4 порази се најдобриот тим во лигата.
Расел Вестбрук со нов трипл-дабл, од 10 поени, 12 асистенции и 17 скокови ја предводеше Оклахома до победа на гостувањето кај Индијана со 100-95, додека Кајри Ирвинг со 33 поени и 7 асистенции беше лидер на Бостон кој со 124-118 го совлада Денвер.
На останатите средби одиграни ноќеска во НБА лигата беа постигнати овие резултати:Орландо – ЛА клиперс 95-106, Вашингтон – Мемфис 93-87, Мајами – Портланд 95-102, Чикаго – Јута 103-100, Њу Орлеанс – Милвоки 115-108, Феникс – Торонто 109-115.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори