Кошарка
14. December 2017 - 9:44

11-та победа во низа на Хјустон

Предводени од Крис Пол, кој забележа 31 поен 7 скокови и 11 асистенции, кошаркарите на Хјустон ја остварита 11-тата победа во низа, откако на домашен паркет го совладаа Шарлот со 108-96.

Џејмс Харден придодаде 21 поен и 8 асистенции во овој триумф на „Рекетите„ кои со скор од 22 победи и само 4 порази се најдобриот тим во лигата. 
 
 
Расел Вестбрук со нов трипл-дабл, од 10 поени, 12 асистенции и 17 скокови ја предводеше Оклахома до победа на гостувањето кај Индијана со 100-95, додека Кајри Ирвинг со 33 поени и 7  асистенции беше лидер на Бостон кој со 124-118 го совлада Денвер. 
 
 
На останатите средби одиграни ноќеска во НБА лигата беа постигнати овие резултати:Орландо – ЛА клиперс 95-106, Вашингтон – Мемфис 93-87, Мајами – Портланд 95-102, Чикаго – Јута 103-100, Њу Орлеанс – Милвоки 115-108, Феникс – Торонто 109-115.