Македонија
27. March 2021 - 10:28

11 лица го прекршиле полицискиот час

Изминатитот полициски час го прекршиле 11 лица.

- Од 22.00 часот (26.03.2021) до 05.00 часот (27.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење, цоопштува МВР.

Во однос на мерката носење лична заштита во текот на изминатото деноноќие (26/27.03.2021) на територијата на Република Македонија регистрирани се 499 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.