Македонија
25. November 2020 - 9:23

103 санкционирани возачи во општина Илинден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.