-->
-->
10 ден ни трага ни глас од загубените на Бистра
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/july/45634463466-67808.png?itok=f1-GQRqt)
Каде исчезнаа Љубомир и Сашо Мицевски? Десет дена ова е најчесто поставуваното прашање. Одговор бараат полицијата, Лазоровци, роднини.
Одговорот на оваа тајна засега го има само Бистра чии шуми го кријат трагот на таткото и синот. Денеска потрагата паузира.
Од МВР најавуваат дека од утре повторно продолжува активно на терен. Полицијата засилена со армијата интензивно ке го пребарува реонот, пренесува ТВ Нова.
Ова е енигма која тешко ќе се реши, рече еден жител на Лазарополе, додека екипата на ТВ нова неколку дена на терен ги следеше обидите на месното население и на полицијата да ја склопат сложувалката.
Откако детално се пребаруваше теренот со хеликопер, со полициските тигри, кучиња трагачи ги свртеа шумите, се вкчучија и од националниот парк Маврово, шумска полиција алпинисти, сите се прашуваа како може толку да се изгубат двајца луѓе на возраст од 78 и 50 години. Од друга страна двајцата добро го познавале теренот.
Но сепак, првиот ден додека телефонот им бил достапен не успеале да дадат точна локација. Според она што опишале локалното население ја однело полицијата но таму немало никаков траг дека воопшто претходно поминал човек. Тревата била неразгазена.
Љубомир и Сашо Мицевски утрото на 14 јули излегле од викендичката и тргнале низ блиската шума да собираат печурки. Околу 14 часот пријавиле дека паднале во бездна но подоцна се прејавиле и рекле дека успеале да се извлечат и дека ќе се вратат . По неколку часа повторно жителите од селото добиле повик дека се изгубени. Контактирале се до 22часот по што батеријата се испразнила и од тогаш се недостапни
Се пребарувал и реонот околу базната станица каде последен пат бил регистиран повик но и тоа минало без резултати. Останува дополнително да се пребаруваат и останатите карпести предели околу Лазарополе. За таа наменеа во четвртокот беше активиран и дрон да се сnими недостапниот терен. И тигрите обучени за вакви акции се искачуваа по стрмните карпести ридови. Облак со мистерии надвиснува над Бистра. Многу прашања ниту еден логичен одговор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.