„Златниот венец“ врачен на Маргарет Атвуд

На канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд вечерва и е врачен „Златниот венец“, најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата (СВП).
На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ доделени беа и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ со што заврши 55. јубилејно издание на СВП.
Атвуд е 51. добитник на највисокото признание на фестивалот кое се состои од филигрански изработен лавров венец, а и го врачи претседателот на Управниот одбор на СВП Славе Ѓорго Димоски.
Изразувајќи огромна благодарност, Атвуд прочита стихови од нејзината стихозбирка „Вратата“,
Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата ја доби Иван Џепароски за „Светлината на Света Гора“. Џепароски најави дека паричниот дел ќе го донира за настраданите во поплавите во Скопско и во Фондот за обнова на конаците во Бигорскиот манастир.
На поетесата Руна Светликова од Белгија и беше врачено признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и СВП го доделуваат за најдобар поет-дебитант.
Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг читаа и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве 55-ти пат е престолнина на поезијата. Фестивалот беше отворен во средата со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга.
Деновиве во Струга гостуваат 32 поета од 30 земји од сите континенти и дваесетина македонски.
Во рамки на Струшките вечери на поеизјата утре ќе има поетско матине на Матка, а вечерта на плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост ќе се одржи поетски митинг.
Ново на Сител
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
-

Трамп изјави дека САД воделе „тајна мисија“ за да ја одржат отворена Ормуската Теснина
