„Златни денови 2017“ од 30 јуни до втори јули во Кратово

Фестивалот на музиката и забавата „Златни денови 2017“ годинава ќе се одржува во Кратово од 30 јуни до втори јули, во организација на локалната самоуправа.
Градоначалникот на Кратово Мите Андоновски истакна дека како и претходните години, така и оваа градот овозможува содржини за сите генерации.
- Целта на предвидената програма е да понуди нешто за секој посетител. В петок ќе настапат Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Меана Балкан и Драган Којиќ-Кеба. Ќе настапат и нашата Јана Бурчевска и Слаткаристика. В сабота ќе настапи Калиопи, како и етно составот Вез, Пеперминт и Tribute To Бјело Дугме, најави Андоновски.
В недела e предвидена дневна детскa дискотека за најмалите.
- Се очекуваат посетители од цела Македонија да го исполнат градот уживајќи во богатата историја. Апелирам Кратово да биде дел од агендата на задолжителни места за посета претстојниот викенд, додаде Андоновски.
Настаните во првите две фестивалски вечери почнуваат во 20 часот, со полноќна забава на базенот, додека в недела програмата за најмладите е точно на пладне.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
