Златен сертификат за волонтерство за „Мали Херои“ - Здружение за заштита на животните и животната средина

Младински културен центар - Битола ја додели наградата златен волонтерски сертификат, за најдобрите волонтери од Македонија за 2017 година.
Наградите се востановени и доделуваат во рамки на манифестациите посветени на 5 декември Меѓународен ден на волонтерите, а годинешни добитници на наградата се здружението „Мали Херои“ посветено на заштитата на животните и животната средина, и волонтерката Билјана Беловинова од Гостивар.
- Целта е да се даде на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности. Златен сертификат доделивме на Здружението за заштита на животните и животната средина „Мали Херои“ - Битола за континуиран волонтерски ангажман во заедницата кој посебно е видлив во застапување за правата на животните и подобар третман за бездомните животни, информираат од МКЦ Битола.
Годинава „Мали Херои“ вдомија 120 животни и обезбедија можност за вакцинирање и медицинска помош на многу бездомни животни. Златен сертификат доделивме и на Билјана Беловинова, млада девојка од Гостивар која луѓето од градот и околните села ја препознаваат како иницијатор и реализатор на бројни волонтерски хуманитарни акции и активности. Билјана голем дел од своето слободно време го посветува на давање помош и поддршка на лицата кои имаат низок социјален статус, стари и изнемоштени лица, социјално загрозени семејства како и деца и млади со различни попречености и посебни потреби, додаваат од МКЦ-Битола.
Ново на Сител
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
