-->
-->
Зихофер: Пандемијата ги зголеми заканите во Германија
-->
Пандемијата на коронавирусот го зголеми потенцијалот за закани, екстремизам и тероризам во земјата, изјави германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер.
Според него, пандемијата доведе до зголемување на екстремизмот и тероризмот.
Зихофер вели дека десничарските екстремисти добиваат повеќе приврзаници и прават повеќе кривични дела, но дека ситуацијата е слична и кај левичарските екстремисти.
Тој е дециден дека подготвеноста на луѓето на насилство е застрашувачка.
Зихофер изјави дека со ова не сака да ги плаши граѓаните, но додава дека реалната ситуација не смее да се намалува.
-Треба да бидеме многу, многу, многу внимателни, рече германскиот министер за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
