Жителите на Расадник денеска излегуваат на протест
Протест „Стоп за бетонизација на Расадник и Кисела Вода“ ќе одржат денеска во 18 часот жителите на оваа населба.
– По неколкугодишните неуспешни преговори со општината за хуманизирање на ДУП-от за Расадник, запирање на бесконечната бетонизација на Кисела Вода и враќање во рамки на предвидениот ГУП, жителите од оваа населба денеска во 18 часот ќе излезат на протест кај Расадникот во близина на „Гет“ кафе, се вели во соопштението.
Жителите преку протестот бараат да престане бетонизацијата на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина.
– Бараме нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“.
Сегашниот ДУП, наведуваат, предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје со што дополнително ќе се загрозат условите за живеење во овој дел од општината.
Жителите информираат дека ДУП-от ја надминува предвидената станбена површина на ГУП-от за над 300 илјади квадратни метри, додавајќи дека улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места и детски игралишта, а за младите воопшто нема никакви содржини во оваа скопска населба.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
