Жител на крушевско Алданци осомничен за братоубиство

Жител од крушевското село Алданци добил притвор од 30 дена под сомнение дека во петокот извршил „убиство“ и „убиство во обид“.
- Надлежен обвинител од ОЈО Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување на мерка притвор за едно лице од крушевското село Алданци, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, соопшти денеска Јавното обвинителство на РМ.
Осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.
По извршеното убиство, како што се вели во соопштението, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.
Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определ притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
