-->
-->
Жерновски-Квик: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент
-->
– Договорот од Преспа кога ќе дојде на разгледување во грчкиот Парламент нема да биде загрозен, истакнал заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Теренс Спенсер Николаос Квик на денешната средба со неговиот македонски колега Андреј Жерновски.– Сметам дека по одобрувањето кај вас, кога ќе дојде пред грчкиот Парламент, ќе помине веднаш, изјавил Квик на средбата.
Од македонското Минитерство за надворешни работи информираат дека двајцата соговорници се согласиле оти довербата и пријателството меѓу двете страни се продлабочува и оти со конечниот договор за решавање на прашањето за името, се става крај на разликите што ги отежнуваа пријателските односи меѓу соседите.
Двајцата изразиле надеж дека целокупниот процес предвиден со договорот, ќе заврши успешно во двете држави и оти наредната етапа ќе биде соработката во НАТО Алијансата како две земји сојузници, кои седат на зедничка маса и во институциите на Европската унија.
Квик е член на партијата „Независни Грци“ на Панос Каменос, коалицискиот партнер на Сириза
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
