Македонија
16. February 2026 - 12:18

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики

Македонија е една од ретките земји во Европа кадешто повеќе од 50% од вкупниот број истражувачи се жени, што е показател за нивниот огромен потенцијал, но и понатаму жените се соочуваат со прашања како породилно отсуство, потешко напредување во кариерата на раководни позиции или мобинг поради својот пол. На УИНТ околу 30% се студентки.

Евгенија Пулеска, студентка на на Факултетот за машинска интелигенција и роботика смета дека девојките со секоја наредна генерација се повеќе се свесни за својот потенцијал и спремни да го следат својот сон.

 Жените од академската заедница, дипломатијата, јавните институции, индустријата, како и од редовите на студентите сметаат дека стреотипите оддамна се надминати, жените се повеќе ги има во науката, но и дека постојат се уште одредени работи кои треба и може да се менуваат.