Жената, која со автомобил покоси група луѓе во Лас Вегас, обвинета за убиство

Жената, која во неделата вечерта влета со автомобил и покоси група луѓе, при што загина едно лице, а најмалку 55 беа ранети, обвинета е за убиство, изјави вчера на прес-конференција во Лос Анџелес окружниот обвинител Стивен Вулфсон.
Шерифот на Лас Вегас, Џо Ломбардо потврди дека не станува збор за терористички напад, но додаде дека властите случајот го разгледуваат како „дело со предумисла“, пренесува БТА.
Полицијата соопшти дека возачот е идентификуван како 24-годишна Афроамериканка, Лакејша Холовеј од Орегон.
Во автомобилот, стар Олдсмобил од 1996 година, таа ја возела својата тригодишна ќерка, која не е повредена во инцидентот. Жената била бездомник, и заедно со девојчето живеела во автомобилот.
За време на сослушувањето во полицијата таа не можела да појасни зошто влетала во луѓето.
Ново на Сител
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
