Зголемен бројот на прегледи на детското одделение во штипската Клиничка болница

Зголемен е бројот на пациентите на Детското одделение во Клиничката болница во Штип. Началникот на одделението, Марина Гацова изјави дека бројот на пациенти е зголемен во изминатите десет дена, а причината се цревните вируси или бактериски цревни инфекции.
- На одделението ни доаѓаа дечиња со симптоми на цревни заболувања. Најчесто заболувањето почнува со повраќање и тоа неколку пати во текот на краток временски период, што доведува до влошување на состојбата на децата до нивна дехидрираност или пак она бледило и малаксаност. Во клиничката слика најчесто преовладуваат дијареи, кои траат неколку дена, пропратени со покачена температура или, пак, без температура, вели Гацова.
Таа забележува дека екстремните високи температури доведуваат до активирање на вирусите кои во текот на летото се присутни, а втората причина се и бактериските инфекции, кои се пренесуваат преку недоволно измиено овошје или раце. Советува веднаш кога ќе се појават овие симптоми, родителите да се обратат кај матичниот лекар, а на децата сами да не им даваат терапии или сокови кои може да ја влошат состојбата со цревниот вирус.
Педијатрите во Клиничката болница во Штип најмногу прегледи имаат во текот на викендите, кога матичните лекари не работат. Во текот на изминатиот викенд имале од 30 до 40 прегледи на деца од Штип и источниот регион, а во текот на работните денови имаат од 10 до 30 прегледи.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
