Земјите од Дримскиот басен во Приштина дискутираат за прогресот во прекуграничната соработка

За активностите во дримскиот процес, меѓу кои, изработката на мониторингот за квалитетот на водите во сливот, социоекономски анализи на сливот, тематски извештаи за состојбите со биодиверзитетот, загадувањето и хидрологијата на Дримскиот Басен, денеска, утре и задутре ќе се разговара на Четвртата конференција во рамките на Дримскиот процес и ГЕФ Дримскиот Проект во Приштина.
На сите работни средби и на конференцијата се очекува да се изрши согледување на развојот на процесот во последната година околу управувањето со Дримскиот Басен. Ќе бидат разгледани и активностите околу подготовка на Менаџмент планот за Дримскиот Басен и можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја на ниво на суб басени. Прекуграничната Дијагностичка анализа на Дримскиот Басен која ќе биде пропратена со изготвен Стратешки акционен план.
На состанокот присуствуваат повеќе од 100 преставници на различни институции, министерства, меѓународни и регионални институции, а воедно на настанот ќе се одбележат и пет години од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дрим и една година од иницијацијата на ГЕФ Дримскиот Проект.
Ново на Сител
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
-

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“
-

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и топло, наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
