Зеленски во Турција: Ќе се разговара за начини за ставање крај на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе отпатува во работна посета на Турција, чија цел е да се разговара за начините за ставање крај на војната во Украина и да се истражат можностите за траен мир, соопшти директорот за комуникации на турското претседателство.
-Се подготвуваме да ги заживееме преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери, напиша Зеленски на платформата Икс.
-Да се направи сè што е можно за да се приближи крајот на војната е главен приоритет на Украина, додаде тој, без да прецизира дали тоа вклучува директни разговори со Русија.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во Москва изјави дека Русија не учествува во разговорите.
Во текот на повеќе од три и пол години конфликт, Турција постојано делуваше како посредник меѓу Москва и Киев или беше домаќин на разговори насочени кон решавање на војната.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
